Магазин

Овој тренинг од 5 минути заменува 1 час трчање: Велат дека може да направи чуда за телото! 

Подгответе се за плажа и правете ја оваа вежба секој ден во текот на наредниот месец

На социјалните мрежи масовно се споделуваат тибетски вежби, бидејќи се смета дека заменуваат еден час трчање. Монасите од Тибет тврдат дека овие вежби се клучот за здрав и долговечен живот, а ќе ви одземат само пет минути дневно.

Еве кои здравствени придобивки ги нудат…

  • Подобрување на протокот на крвта
  • Намалување на отоците
  • Нормализација на шеќерот во крвта
  • Регенерација на зглобовите
  • Регулација на крвниот притисок
  • Прочистување од токсини и паразити
  • Забрзување на метаболизмот и согорување масти

Доволно е секоја од овие пет вежби да ја правите по 1 минута.

Прва вежба

Застанете во расчекор, вкрстете ги рацете во висина на половината и нишајте се од една нога на друга.

Втора вежба

Исчекорете и мавтајте со рацете како пропелер.

Трета вежба

Застанете исправено и силно ротирајте се од една на друга страна, дозволувајќи им на рацете да ви се плеткаат околу телото.

Четврта вежба

Застанете во расчекор, клекнете малку како да планирате да седнете и ставете ги рацете на колковите – ротирајте се од една на друга страна.

Петта вежба

Застанете исправено, со нозете раширени во ширина на колковите, потоа со едната нога исчекорете назад, подигнувајќи ги и спуштајќи ги рацете. Вратете се во почетната положба, па истото направете го со другата нога.

Погледнете ги сите вежби во видеото во продолжение…

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons