Македонија

Ова е денот кога ќе се слеат парите од Мој ДДВ

Од Финансии појаснуваат – парите ќе бидат исплатени до крајот на месецот.

-Исплатата на средствата за скенирани фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот. За третиот квартал (јули–септември), законскиот рок до кога треба да се изврши исплатата е до 30 ноември 2025 година.

Последните податоци кои ги објави Управата за јавни приходи на 11-ти септемврии,  а се однесуваат за второ тримесечје, покажуваат дека фискални сметки скенираат скоро 503 илјади граѓани. Нив им биле исплатени 14,3 милиони евра по основ на поврат на ДДВ.

Услугата Мој ДДВ беше воведена во јули 2019 та година, од страна на претходната власт, а максималниот износ кој можеше да се добие од скенирање фискални изнесуваше 1,800 денари. Потоа прагот се зголеми на  2,100 денари, и тогаш опозициската ВМРО ДПМНЕ проектот го нарекуваше популистички и некорисен.

Но, со доаѓањето на власт, министерката Кочоска најави дека придобивките и натаму ќе ги користат граѓаните, со одредени промени во надградба на системотот на УЈП, кој одбивал фискални сметки и ги прикажувал како да не се оригинални. Проектот, за сега, не се планира да се укине.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons