НИШТО ОД ХРВАТСКОТО ВЕТО ЗА ФИНСКА? За приемот одлучува хрватскиот амбасадор во НАТО, а не Милановиќ
Според Гордан Грлиќ Радман, хрватскиот министер за надворешни и европски работи, претседателот Милановиќ „може да направи шоу само во процедурална смисла“, односно „владетелите ја знаат процедурата“.
Одлуката за тоа дали Хрватска ќе ја блокира Финска, а потоа и Шведска за прием во НАТО не ја носи хрватскиот претседател, туку хрватскиот амбасадор во НАТО на состанок на амбасадорите, пишува Јутарни Лист. Според весникот, претседателот Зоран Милановиќ е свесен дека нема да може да влијае на состанокот кој месецов ќе се одржи во Мадрид. Освен, ако поинаку не одлучи Хрватска и реши да го испрати претседателот или министерот за одбрана како свој претставник.
Дали амбасадорот Марио Нобило ќе оди во Мадрид или тоа ќе биде претседателот Милановиќ ќе треба да биде договорено во Загреб. Според Сања Бариќ, професорка по уставно право, претседателот нема должност да ја усогласува својата позиција со Владата, освен кога се работи за именување на амбасадорите, кога тој и премиерот ставаат потписи на одлуката.
Тоа значи дека Милановиќ има барем формална шанса да стави вето на одлуката Марио Нобило да биде пуштен за претставник во Северноатлантскиот совет и така да дојде во позиција тој да оди во Мадрид. Всушност, Милановиќ во 2012 година како премиер учествуваше на самитот на НАТО во Чикаго. Кој претставник ќе биде пуштен на состанокот нема влијание врз тежината на одлуките на Алијансата.
Милановиќ ја има поддршката од хрватската опoзиција. Но, тоа не ја менува реалноста дека поканата за присуство на состанокот веројатно ќе биде испратена до амбасадорот Марио Нобило, а не до претседателот.
Според Гордан Грлиќ Радман, хрватскиот министер за надворешни и европски работи, претседателот Милановиќ „може да направи шоу само во процедурална смисла“, односно „владетелите ја знаат процедурата“.
Милановиќ го најави ветото за Финска и потенцијално за Шведска поради незадоволството на Хрватска од неносењето на спорните уставни измени во БиХ.