Нејмар не се откажува, потпишува нов договор со Сантос
Иако е далеку од играчот кој што некогаш беше еден од најдобрите во светот, сепак, Нејмар и натаму ќе биде на терен. Поточно, ќе потпише нов договор со тимот на Сантос, каде што во јануари пристигна од Ал Хилал.
Сантос е неговито матичен клуб, и тој нормално дека се чувствува таму супер. Веќе одигра девет мечеви и постигна три гола и имаше три асистенции.
Новиот договор ќе биде со важност до 2026 година, па потоа веројатно 33. годишниот напаѓач ќе одлучува дали ќе продоолжи или не.