Свет

Најлоша сезона на шумски пожари во ЕУ, изгореле околу милион хектари шума

Земјите од Европската Унија се соочуваат со најлошата сезона на шумски пожари, а до денес изгореле околу еден милион хектари шуми, што е површина поголема од Кипар или една третина од Белгија, пренесува Политико.

Податоците од Европскиот информативен систем за шумски пожари (ЕФФИС) наведуваат дека изгореле 1.016.000 хектари, што последен пат се случило во 2006 година.

Речиси две третини од изгорените површини се случиле по 5 август, до кога системот покажал дека 380.000 хектари изгореле во шумски пожари.

Огромното мнозинство пожари се случиле на Иберискиот Полуостров, каде што во Шпанија изгореле повеќе од 400.000 хектари, додека во многу помалата Португалија изгореле повеќе од 270.000 хектари или три отсто од територијата на земјата.

Оваа година во Шпанија, кога станува збор за пожари, е најлоша од 1994 година.

Двете земји се соочуваат со продолжен топлотен бран, а климатските промени го зголемуваат ризикот од пожари.

Шумските пожари истовремено ослободуваат големи количества јаглерод диоксид, со што Европската Унија се соочува со потенцијален нов рекорд за загадување поврзано со пожари, според податоците на ЕФФИС.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons