Најдобар стрелец во Лигата на шампионите е напаѓач кој првпат игра во најелитното европско натпреварување
Напаѓачот на Борусија Дортмунд Серхи Гираси во овој момент е најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 13 голови и тоа во неговата дебитантска сезона во најелитното европско натпреварување.
Зад Гираси на листата се: Рафиња и Левандовски од Барселона, потоа Кејн од Баерн, Халанд од Манчестер сити и Винисиус и Мбапе од Реал Мадрид.
Репрезентативецот на Гвинеја одличната форма ја потврди и вчера против Барселона со хе-трик во триумфот од 3-1.
Низ кариерата Гираси често играше помали клубови кои се бореа за опстанок, но во последните две години забележа огромен скок. Во дресот на Штутгарт минатата сезоан постигна 30 голови и подели три асистенции во сите натпреварување, а со одличните настапи продолжи и во Борусија која за него плати оштета од 18 милиони евра.
Кога се сите натпреварувања во прашање сезонава Гираси е на 28 голови и девет асистенции.