НАСА издаде итно соопштение: Нема слетување на Месечината
НАСА денес соопшти дека ја одложува мисијата за испраќање четири астронаути околу Месечината откако се појавија проблеми за време на проверка на ракета.
Менаџерите на мисијата спроведуваа детална проба за лансирање, позната како „wet dress rehearsal“ (симулација на лансирање со полнење гориво), во Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, кога инженерите открија истекување на водород во ракетната база на системот за вселенско лансирање, пренесува Ен-би-си њуз.
НАСА беше принудена да го прекине тестот малку по полноќ по источно американско време, со преостанати околу пет минути и 15 секунди до симулираното одбројување за лансирање.
Неколку минути по 2 часот наутро по источно време, НАСА објави дека ќе го откаже лансирањето на мисијата Артемис 2 околу Месечината, за да можат тимовите да ги прегледаат податоците и да спроведат уште една генерална проба за летање.
Сега планираат лансирањето да биде најрано во март.



