Магазин

Намирници што помагаат при намалување на шеќерот

Докторката Меги Пауерс откри која храна би било добро да се избере за да се држи шеќерот под контрола. На прво место е лиснатиот, зелен зеленчук, особено спанаќот.

Исто така, според д-р Пауерс, добро е да се јаде зелка, но и храна богата со протеини како што се јогурт, урда, јајца, посно месо и путер од кикирики.

Пауерс забележува дека дијабетичарите можат да консумираат и овошна вода што сами ќе ја подготват.

Во обична вода потребно е да се додаде лимон или краставица и се остава да отстои 24 часа пред консумирање.

Повеќето симптоми не се видливи на почетокот на болеста, а најчести се жед, сува уста, нагло губење на тежината, често мокрење, зголемен глад, замор и исцрпеност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons