Младите македонски теквондисти со три медали на турнирот Хереја опен
Младите македонски теквондисти остварија голема успех освојувајќи два златни и еден бронзен медал на турнирот Хереја опен во Бугарија.
Членот на Феникс Кик, Мартина Наумовска во категоријата -55 кг., кадетки, дојде до златниот медал.
Наумовска запиша победа против Зои Лагара од Грција со 2:1 во рунда, а во финалето ја совлада Гала Начева од Бугарија (2:1).
Членот на Феникс Кик, Дамјан Василевски се закити со бронза во категоријата -45 кг. во јуниорска конкуренција.
Василевски претрпе пораз во полуфиналето од грчкиот теквондисти Димитриос Гергалас (2:1).
Членот на ТК Младост, Христијан Симоновски во категоријата -63 кг., јуниори, освои златен медал.
Симоновски во полуфиналето беше подобар со 2:1 против Пападимитриоу Димостхеникс од Грција, додека со 2:0 во рунда во финалната борба го совлада Начков Данаил од Бугарија.