Мицкоски: Вложуваме во спортот, пуштен во употреба затворениот базен во Општина Штип
Ќе ми дозволите најпрвин да им честитам и на градоначалникот и на министерот за спорт, но и на пратениците во македонското Собрание од Штип, коишто навистина вложуваат атом повеќе енергија, повеќе за да обезбедат проект повеќе овде за Штип.
Навистина би сакал исто така да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата во Општина Штип што изминативе скоро четири години реализираа голем дел од проектите.
Со тие проекти можам слободно да кажам дека Штип доби една современа, модерна физиономија, дека навистина е центар во истокот. Штип денеска делува навистина импресивно и работата на градоначалникот навистина инспирира и очекувам дека и во следните четири години ќе продолжи со истата динамика на реализација на тие проекти за уште поубав Штип, за Штип којшто ќе има уште повеќе реализирани проекти, а ние како централна Влада тука сме да ја поддржиме реализацијата на тие проекти.
Така што еве овој базен којшто претставува типска градба, како што кажа и министерот, е еден од шесте, втор по ред. Знаете дека овие проекти беа заглавени со години, 4-5 години стоеја, тапкаа во место, не беа реализирани, но еве сега со доаѓањето на оваа Влада, изминатите 15 месеци откако сме Влада, ги задвиживме овие проекти, тие се реализираат. После оној во Кисела Вода, овој во Штип е следен, следат Кичево и Битола, па потоа Ѓорче Петров и Карпош и оној во Кавадарци, се разбира.
Продолжуваме и понатаму да инвестираме во спортот, затоа што, како велат, во здраво тело здрав дух. Ние би сакале да ги навикнеме младите уште од најрана возраст да спортуваат бидејќи на тој начин се градат во вистински личности, личности коишто витешки ќе се борат во својот живот и ќе напредуваат. Така што еве, ако оваа градба овдека помогне во таа насока, јас би бил пресреќен.
Уште еднаш благодарност до градоначалникот, до министерот за спорт, до пратениците за вложениот труд за Штип да биде поубав.