Мицевски: Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски
Почитувани,
Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски.
Венко Филипче од позиција на носител на листа на СДС во 4-тата изборна единица добива возило од 130 илјади евра.
Газдата на Зобек мининг, фирмата која го купува возилото за Филипче за медиумите кажа дека тој го земал луксузниот џип ауди Q8 на лизинг и му го дал на Филипче, и дека истото сега се наоѓа во негово владение.
Најголем проблем тука е што фирмата Зобек мининг е добитник на државни тендери во ЕСМ за набавка на јаглен во износ од неколку десетина милиони евра.
Ист е и случајот со Пеце Мирчевски, за кого ЈО отвори постапка и го гони, затоа што фирма добитник на државни тендери му дала две возила.
Што е разликата во случајот со Филипче и Мирчевски. Имено единствената разлика е што Венко Филипче е претседател на СДС, и ЈО не смее да постапува.
Го повикуваме ЈО да не замижува пред овој очигледен криминал и да отвори постапка за Венко Филипче.
Линк од видео материјал: https://www.youtube.com/watch?v=YtTWNeqVJLI
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ