МакедонијаНајновоПолитика

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги.

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Марјан Даскаловски е десната рака на Заев во изборната шема за купување на гласови во Струмуца во 2014 година.

Дури и италијанскиот весник  „Ла Верита“ пишуваше дека постои документација во обвинителството, која се состои од извадоци од снимени разговори од кои, како што се наведува, може да се заклучи дека Заеви, отворено зборувајќи на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање на гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица.

Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев, а другата од Марјан Даскаловски со назив „Даскал“.

Кој стои зад Марјан Даскаловски и каков човек е тој сега е повеќе од јасно.

Истото е и со кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, пратеник од СДС, кој ги гласаше сите штетни договори на Заев и Ковачевски во Собранието. И додека извршуваше наредби на СДС, Костовски си ја вработил сопругата во МНР тогаш управувано од Бујар Османи.

И Даскаловски и Костовски се луѓе со длабоки корени во СДС,  со криминал, корупцијата и непотизмот.

И Даскаловски и Костовски се луѓе кои докажале дека народот никогаш не им е на прво место, туку криминалците од врвот на СДС, нивните теснопартиски интереси и нагонот на лично богатење.

Со кандидати како Даскаловски и Костовски СДС одат во сигурен пораз.


Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=HPtpMxB8RK4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons