Меркел одбила, Шолц одобри: Германија испорачува 56 оклопни возила во Украина 

Германската влада денеска одобри испорака на 56 оклопни борбени возила БМП-1 на Украина. Предметните возила Бундесверот ги наследи од поранешната источногерманска армија, а моментално се наоѓаат во Чешка, од каде ќе бидат испорачани во Украина.

Според „Велт ам Зонтаг“, овие возила биле наменети за испорака во Украина во 2019 година, но тогашната германска канцеларка Ангела Меркел одбила да ја одобри реализацијата на овој проект за да не се наруши дијалогот со Москва. Ова, се разбира, повеќе не е случај откако канцеларот Олаф Шолц прогласи „пресвртница“ во германската одбранбена политика.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons