Актуелно

МВР ги потсетува граѓаните да ги ажурираат податоците пред стартот на „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги потсетува граѓаните да ги ажурираат своите контакт-податоци во рамки на системот „Безбеден град“, со цел навремено и точно информирање.

Граѓаните можат да поднесат барање за промена на податоците на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ во Скопје (приземје), кој работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот. Ажурирањето може да се изврши и во станиците за технички преглед на возила низ државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Од МВР појаснуваат дека промената е наменета за граѓаните кај кои има настаната измена на контакт-податоците доставени при регистрација на возилото, како и за оние кои добиле известување со неточни податоци.

Според најавите, системот „Безбеден град“ официјално треба да биде ставен во функција во недела, на 1 февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons