МакедонијаНајново

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари 

Централниот дел на државата и околината на градот Куманово се под многу висок ризик од појава на пожари – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавувајќи мапи на кои се детектирани горливите точки во земјата кои се соочуваат со потенцијална појава на пожари.

Повикувајќи се на мапата која го покажува метеоролошкиот индекс на опасност од пожари, од ЦУК велат дека освен во централниот дел и Кумановскиот Регион, останатиот дел од територијата на земјава е под висок ризик од пожари, а низок ризик има на подрачјата околу Шар Планина и други помалку загрозени региони.

„Метеоролошкиот индекс на опасност од пожари се пресметува врз основа на податоци од автоматските метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи, а вклучува параметри како температура на воздухот, релативна влажност, брзина и правец на ветерот“,наведуваат од ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons