Манчестер сити урна трансфер рекорд во англискиот фудбал
Пред неколку дена, Манчестер сити го објави потпишувањето на договорот со англискиот голман Џејмс Трафорд од Барнли.
Денеска медиумите во Англија открија дека договорот е рекорд за англискиот фудбал.
„Граѓаните“ платија 31 милион фунти за 22-годишниот чувар на мрежата, што е подобрен рекорд за британски голман.
Досега, најскапиот британски голман беше Џордан Пикфорд. Пред седум години, Евертон плати 30 милиони фунти за англискиот репрезентативец, кој тогаш играше за Сандерленд.
Интересен момент е што Трафорд е младински играч на Сити, кој стекнал искуство во последните години во Акрингтон Стенли и Болтон, каде што играл на позајмица пред да биде продаден на Барнли во 2023 година.