Манасков се врати во македонската репрезентација
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата во која ќе одиграме два пријателски натпревари против Јапонија.
Главна вест од списокот е враќањето на Дејан Манасков кој сезонава игра во голема форма во Пелистер.
Македонија првиот натпревар со Јапонија го игра на 30 октомври, а вториот на 1 ноември. Двата меча се играат во Скопје.
На списокот на Лазаров има 20 ракометари и плус уште седум како резерва.