Манасиевски: Афера-Провизии кои чинат животи, лично Венко Филипче го правел тендерот за модуларната, дал листа со напишана спецификација да се спроведе
Венко Филипче лично ја направил спецификацијата за изградба на модуларната болница во Тетово, која поради лошите материјали кои биле вградени, а планирани од Филипче, изгоре како кутивче кибрит, а со себе однесе и 14 животи.
Лично Венко Филипче дал готова спецификација во одделот на Министерството за здравство задолженоза спроведување на набавката, велат нашите извори.
Одговорното лице од Министерството за здравство кое се потпишало на спецификацијата дадена од Филипче лично, во исказ пред ОЈО изјавува, цитирам:
„Сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика.“
Ова е исказ на лицето кое Венко Филипче го има назначено за главен и одговорен архитект на сите модуларни, одговорно лице за техничката спецификација и претседател на Комисијата за јавни набавки за 13-те модуларни болници.
Очигледно на Филипче не му требал архитект, туку потписник на неговите матни тендери.
Венко Филипче е човекот кој е единствено и највисоко одговорен за смртта на 14 живи изгорени луѓе во тетовската модуларна болница.
Аферата „провизии кои чинат животи“ тотално го демаскира Филипче.
Почитувани,
Вистината за модуларната болница, јавноста мора да ја дознае.
Утре повторно во 12 ч., на нова прес-конференција, нови скандали поврзани со случајот за модуларната болница и тоа како цела влада на СДС се впушта во криминал за спас на Венко Филипче.
Линк од видео материјал:
https://youtu.be/1yeJTST8m1M
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ