Македоскиот каратист Љупчe Михајлов освои бронза на Младинската светска лига во Пореч
Членот на Карате клубот Штип, Љупче Михајлов се закити со бронза на светската Карате 1 Младинска лига во Пореч, Хрватска.
Македонскиот каратист настапи во категоријата У21 до 75 кг и запиша учинок од пет победи и еден пораз.
Нашиот натпреварувач најпрвин ги совлада Ник ван дер Веиде од Холандија (5:2), Ондреј Стахлавски од Чешка (8:0), Микита Хрихорашенко од Австрија (4:1) и Лукаш Банковски од Полска (1:0).
Следуваше тесен пораз од Украинецот Хеорхи Питсул (6:5), а петтиот триумф за бронза го оствари против Словакот Васил Пирчак (3:0).
На овој турнир учествуваа 3.225 каратисти од 78 држави со вкупно 3262 натпреварувачки влезови.