Спорт

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни

Балканското првенство „Балкан Бест Фајтер“ заврши со 110 медaли за македонските кикбоксери од кои 39 златни, 33 сребрени и 38 бронзени медали.

Во вкупниот пласман Македонија по успех е прворангирана земја додека втора е Србија а трета Бугарија.

На ова балканско куп првенство учество земаа: Македонија, Србија, Бугарија, БиХ и Црна Гора.

Од сите клубови учесници на ова првенство Кик Бокс клубот Шампион Урко Тим е првопласиран клуб и се закити со пехар како најдобар во ринг дисциплините, а на татами дисциплините како најдобар клуб е избран Кик Бокс клубот Про Кик Фемили.

Максим Митровски од Кбк Шампион – Урко; тим се закити со пехар за најдобар сениор на ринг во Lou Kick дисциплината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons