Спорт

Македонската таеквондистка Душица Бреслиева стартуваше со триумф на ЕМОФ 2025 

Душица Бреслиева со победа го почна настапот на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025 на турнирот во таеквондо.

Македонската натпреварувачка во категоријата -55 кг. со резултат 2:0 во првото коло триумфираше против Матеа Тведт Јакобсен од Норвешка.

Во второто коло, за пласман во четвртфиналето, Бреслиева ќе се бори против Анастасија Хаиворонска од Украина.

Хаиворонска на стартот славеше против Хрисо Прокопиу од Кипар со 2:0.

Во машка конкуренција во категоријата -63 кг. Христијан Симоновски во првото коло загуби со 2:1 против Кристофер Вунш од Холандија.

Андреј Василевски својот настап во категоријата -55 кг. ќе го почне од второто коло, а ривал ќе му биде Абдерахман Тујар од Италија. Доколку Василевски оствари триумф, во четвртфиналето за противник ќе го има Талха Евин од Турција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons