Спорт

Македонија ja доби Молдавија и дојде на чекор од Втората дивизија во Дејвис купот 

Македонската тениска репрезентација извојува значајна победа над Молдавија со 2-1 во второто коло од Дејвис куп турнирот што се игра во Скопје, и остана во игра за пласман во Втората светска дивизија.

По изедначениот биланс по сингл мечевите, решавачки беше настапот во двојки, каде Калин Ивановски и Димитар Мицов ја донесоа клучната победа над молдавската двојка Кјумак/Снитари со 2-1 во сетови.

Нашите тенисери го отворија дуелот сигурно, добивајќи го првиот сет со 6-4. Во вториот сет, драмата беше целосна – Ивановски и Мицов имаа две меч-топки при водство од 6-4 во тај-брејкот, но не успеаја да го затворат сетот, кој на крајот го загубија со 7-9.

Сепак, покажаа цврстина во клучниот трет сет. Четвртиот гем беше пресвртен момент – го освоија без загубен поен на сервисот на противникот, поведоа со брејк предност и го задржаа ритамот до крајот, триумфирајќи со 6-3.

Македонија сега има две победи (против Малта со 3-0 и Молдавија со 2-1) и еден пораз од Црна Гора со 0-3. Утрешниот дуел против Летонија ќе биде пресуден за тоа дали ќе се избориме за место во Втората светска дивизија на Дејвис купот.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons