Македонија со седум тони злато, втора во регионот по резерви зад Србија
Македонија располага со седум тони злато, што ја става на второто место во регионот на поранешна Југославија, веднаш по Србија, која има најголеми златни резерви – 41 тон, објави хрватскиот медиум RTL, објави 4NEWS.mk
Зад Македонија се наоѓаат Словенија со околу три тони, Хрватска со 1,75 тони, како и Босна и Херцеговина со 1,5 тони злато. Овие податоци ги покажуваат разликите во економската политика на земјите од регионот, особено кога станува збор за начинот на чување и заштита на монетарните резерви.

Според RTL, цената на златото е на историски максимум, а аналитичарите прогнозираат дека вредноста ќе продолжи да расте. „Ако чувате злато за црни денови’, можеби е добро време да размислите за продажба“, пишува медиумот, но додава дека и натаму се очекува зголемување на цената, објави 4NEWS.mk
Златните резерви претставуваат една од најсигурните форми на заштита на економијата, особено во услови на глобални кризи и инфлација. Во минатото, државите ја засилуваа својата монетарна стабилност токму преку акумулација на злато.



