Македонија посветена на странски инвестиции, турски „Шахтерм“ гради фабрика во Скопје
Следи и инвестициски циклус во изградба на модерна карго и брза патничка железница, енергетски капацитети, болници, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот, Христијан Мицкоски посветено и макотрпно работат да го вратат достоинството на државата и да обезбедат подобар живот и повисок животен стандард за сите граѓани, соопшти владејачката партија.
Со посветена работа на Владата, Македонија чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.
„За таа цел, ги подобрува билатералните односи со моќните и влијателни држави во Европа и светот, и обезбедува бизнис клима која привлекува странски инвестиции кои во Македонија отвораат нови и добро платени работни места.
Соработките со државите и директните странски инвестиции се клучни за раст и развој на економијата, зголемување на БДП, намалувањето на јавниот долг, како и за растот на платите и со тоа за подобрување на животниот стандард.
Турската компанија „Шахтерм“ започна со изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје, која е инвестиција во вредност од 100 милиони евра и отворање 1.000 работни места. Компанијата има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство и е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво.
За Македонија претставува особена чест затоа што ова ќе биде прв производствен капацитет на компанијата надвор од Турција, но и потврда дека владините политики за овозможување подобра бизнис клима, даваат резултати.
Со цел развој на државата, Македонија отвора ново поглавје и во дипломатијата и меѓународните односи. После стратешкото партнерство со САД, Македонија постигна договор за стратешко партнерство и со Обединетото Кралство.
Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, ќе биде основата за инвестициски циклус од околу 6 милијарда евра, како и соработката во трговијата, инфраструктурата, енергетиката, доброто владеење и борбата против организираниот криминал.
Инвестицискиот циклус преку стратешкото партнерство ќе претставувала сериозен импулс за македонската економија, затоа што ќе се инвестира во енергетиката и инфраструктурата, ќе се изгради модерна карго и брза патничка железницата од Табановце до Гевгелија.
Значаен дел од договорот ќе бидат и инвестициите во здравството, како изградбата на нови болници, изградба на болницата во Кичево заедно со здравствен дом и реконструкција на клиничката болница во Тетово“, се наведува во соопштението.
Исто така, ќе се заврши проектот на клиничката болница во Штип и ќе се изгради зграда на новиот медицински факултет, како и нов студентски дом.
Целта е Македонија да биде дестинација во која големите странски корпорации ќе ги шират своите бизниси, кои ќе бидат сериозен инпут во економијата и ќе отворат нови добро платени работни места, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.