Македонија поразена од Хрватска на „Кроација Купот“
Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена во првиот меч на „Кроација Купот“ во Новиград. Во дуел со домаќинот Хрватска избраничките на Кристијан Грчевски загубија со 26:18.
Хрватска уште во првото полувреме направи предност од 6 гола, која подоцна се чини беше недостижна. Хрватска на пауза замина со 14:8.
Македонија, утре од 16:00 часот ќе игра против репрезентацијата на Србија.