Македонија е во Винтертур, познат распоредот за турнирот пред ЕП
Македонската машка ракометна репрезентација ја започнува финалната фаза од подготовките и темпирањето на формата во пресрет на Европското првенство.
Нашата селекција пристигна во швајцарски Винтертур за настап на „Жолтиот куп“, кој ќе се одржи од 8 до 10 јануари, а Македонија ќе ги одмери силите со репрезентациите на Бахреин, Швајцарија и Украина.
Првиот тренинг во Винтертур е закажан за попладневните часови, со почеток од 18:00 часот, по што ќе следат и првите контролни натпревари како дел од подготовките за континенталниот собир.
- Термини за натпреварите:
P8 јануари – Македонија – Бахреин (20:30 часот)
9 јануари – Македонија – Украина (17:45 часот)
10 јануари – Македонија – Швајцарија (18:30 часот)



