Лазаров одбра 18 ракометари кои ќе патуваат во Злин
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров одбра 18 ракометари кои ќе одат во Злин, од нив двајца ќе отпаднат за утрешниот меч со Чешка за пласман на Светското првенство 2023.
Шанса да одигра прв сениорски официјален натпревар ќе добие Петар Атанасијевиќ, левото крило од Пелистер 2 и братот близнак на Павле, а тука се и младите Игор Ѓорѓиев и Марко Митев, како и Михајло Малденовиќ како дефанзивец. Веројатно меѓу нив ќе се бара кои двајца нема да се најдат на конечниот записник со 16 актери во мечот.
Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ нема да можат да им помогнат на колегите поради повредите кои не ги залечија докрај. Покрај нив, во Скопје останаа и младиот пивот на Алкалоид, Марко Стојковиќ, левото крило на Тиквеш, Дарко Кондев, како и третиот голман, Марко Кизиќ.
Репрезентацијата лета со чартер кон Острава во 17.40, а потоа ја чека пат со автобус до Злин. Натпреварот е утревечер во 20.15 часот.
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски.ПИВОТИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Стојанче СтоиловЛЕВИ КРИЛА: Гоце Ојлески, Петар АтанасијевиќДЕСНО КРИЛО: Гоце Георгиевски.ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Серафимов, Томи Јагуриновски, Кире Лазаров,ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко МитевСРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Миркуловски, Игор Ѓоргиев.ДЕФАНЗИВЦИ: Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ.