Лажен лекар од Кочани лекувал со оксиводород, поднесена кривична пријава 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и В. П. (55) од Кочани, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама во врска со надрилекарство.

Од 2020 година до поднесувањето на пријавата второпријавениот со намера да стекне противправна имотна корист набавил резервоар за вода (идентичен со оние што се користат во автомобилите), клетка за електролиза и електрополнач, кои ги употребувал како бренер за загревање и за инхалација кај граѓаните преку вдишување оксиводородна смеса во гасна состојба, која се користела за индустриски цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons