Ладен бран од север, во Македонија ќе донесе врнежи и од дожд и од снег
Метео анализа на Славчо Попоски:
До петок претпладне 20-ти март 2026 во Македонија времето ќе биде претежно облачно со послаби локални врнежи кои во ниските места (градовите) ќе биде претежно од дожд а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на ладна воздушна маса од север. снежната граница повремено ќе се спушта до околу и под 1000 метри надморска височина со што послаби врнежи од дожд и од снег или влажен снег ќе има и во повисоките населени места.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде претежно облачно со повремени слаби локални врнежи од дожд а на околните планини повремено ќе провејува снег.
Ќе дува слаб до умерен а повремено и локално засилен ветер од источен и од североисточен а во петок на 20-ти март 2026 од северен правец.
Што се однесува до температурите тие позначително ќе се намалат и наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 5 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 13/14 степени.



