Магазин

Кога е најдобро да пиете кафе за подобро расположение? Новото истражување вели само во ова време! 

Ако сте љубител на кафе, имаме добри вести. Вашиот омилен пијалак не се поврзува само со подолгиот живот, туку и со подоброто стареење кај жените. Сепак, овие потенцијални придобивки имаат свои ограничувања, како што е консумирање до три шолји дневно, без додаден шеќер и полномасно млеко. А сега, најновото истражување открива дека пиењето кафе е исто така клучно за добро расположение, пишува „Хафингтон пост“.

Кога да пиете кафе за подобро расположение?

Во трудот објавен во списанието „Научни извештаи“ (Scientific Reports), научниците истражувале дали и кога кофеинот може да го подобри расположението. Познато е дека кофеинот помага во блокирањето на аденозинските рецептори во мозокот, а токму аденозинот нè прави уморни и е поврзан со чувство на немир, односно анксиозност и депресија.

Затоа, целта била да се провери дали пиењето кафе рано наутро, кога многу луѓе се борат со сонливост поради инерцијата на спиење, ќе влијае на тоа колку кофеинот ќе биде корисен за расположението.

Биле анализирани податоци од две германски студии во кои учесниците во реално време ги евидентирале своите искуства преку прашалници. Студиите траеле 15 и 29 дена и опфатиле вкупно 236 учесници, следејќи го времето на внесувањето кофеин и нивната емоционална состојба.

Резултатите покажале дека „поврзаноста помеѓу консумирањето кофеин и позитивниот емоционален ефект била најсилна во првите 2,5 часа по будењето“.Помало, но забележливо подобрување на расположението било забележано и кога учесниците пиеле кафе 10 до 12,5 часа по будењето, додека времето на консумирање не влијаело на евентуалните негативни ефекти од кафето.

Утрото е клучно и за други здравствени придобивки

Ова не е единственото истражување што ги истакнува придобивките од пиењето кафе наутро. Трудот објавен во „Европски журнал за срце“ (European Heart Journal)открил дека оние што пијат кафе наутро имаат 16 отсто помала веројатност да починат од која било причина и 31 отсто помала веројатност да умрат од кардиоваскуларни болести, во споредба со оние што не пијат кафе.

Интересно е што луѓето што пиеле кафе во текот на целиот ден имале ист ризик како и оние што воопшто не го консумирале.

Во воведот на трудот, професорот Томас Ф. Лишер истакнал дека „во принцип, мора да ги прифатиме сега веќе суштинските докази дека пиењето кафе, особено наутро, е веројатно здраво“Неговиот заклучок е јасен: „пијте го своето кафе, но правете го тоа наутро“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons