Спорт

Клучен ден за Македонија на Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство против Романија.

Оваа средба за нас е „да се биде или не“, бидејќи мора да се добие. Придобивките се големи, бидејќи освен шансите за втора фаза би значело и пласман на третото место во групата кое е многу важно. На тој начин би се пласирале од 13 до 16 позиција и тоа носи само еден бараж за следното Светско првенство, но и веројатно носителска улога. Во спротивно, со пораз би играле два баражи.

Македонија има фаворитска улога за оваа средба. Романците ќе се обидат со својата тврда и поагресивна игра да го забават нашиот полетен напад, а ние никако не смееме да го дозволиме тоа. Освен што треба да се брка победата како примарна цел, мора да се има на ум истата да биде што е можно поубедлива.

За пласман во главната рунда Македонија мора во последното коло да надополни 18 гола разлика во однос на Португалците кои играат со Данска.

По ремито со Португалците сега Македонија е пред нов предизвик, одново под императив и за првпат на овој шампионат со блага фаворитска улога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons