Магазин

И Марјана Станојковска ја покажа „крофничката“… иста и е како на Лила! (ФОТО) 

Македонската лото девојка и ТВ водителка Марјана Станојкоска ја отвори летната сезона во различни модели на костими за капење. Како едно од заштитните лица на најпознатиот македонски бренд за бикини, Марјана  ги испроба речиси сите модели.

Едноделни, дводелни, еднобојни, шарени, со апликации, цветови…

И што и да облече долгоногата цицлеста водителка – се и стои како да е слиено со неа.  Како и не би, кога денот на русокосата лото девојка и започнува со овошје. Портокалово- жолт витамински микс за појадок од банана, ананас и портокал… Ем здраво ем модерно… и се согласува со гаќичките.

А штом појадува, време е за малку сончање и освежување… Ако не си на море, тука е базенот!

Овој пат во едноделна „пинк“ комбинација Марјана во различни лежечки секси пози ја покажа… „крофничката!“

Со  бело кремче, наросена со чоколадни трошки… Ултра модерна гума за пливање,  која сега е во тренд!

Ама Марјана не е единствена. Иста таква „крофничка“ има и нејзината поискусна колешка Лила Филиповска.

Дури ја покажа и пред неа, кога беше во Кемер – Турција. И исто така во неа комотно се лежи! До душа, на која „крофничката“ и легна подобро не знаеме, како што не знаеме дали можеби тоа не е истата крофничка, на позјамица од Лила кај Марјана, колку да и заврши работа… за сликање?

Како и да е, едно е сигурно: Марјана и Лила имаат иста „крофничка“… за пливање!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons