Искусен Шпанец е нов селектор на Македонија
Кошаркарската федерација на Македонија го објави името на новиот селектор на сениорскиот тим.
Наследник на Марјан Илиевски на клуипата на репрезентацијата ќе биде искусниот Хозе Мариа Берокал. Шпанскиот стратег има тридецениско искуство во тренерската работа како главен тренер или асистент. Во своето портфолио има и некои големи имиња.
Берокал во повеќе наврати беше асистент во сениорскиот тим на Барселона, како и во Панатинаикос, Баерн Минхен, Макаби Тел Авив, Басконија…
Со ангажманот на Берокал од МКФ нагласија дека стратешката определба е да се подигнат стручните стандарди и да се воспостави јасен систем на работа. Тие сметаат дека искуството на Берокал и во младинската кошарка ќе биде важна за да се направи спона меѓу младинците и сениорите во мак-кошарката.



