Свет

Иран: Најмалку 65 мртви за време на немирите

Најмалку 65 лица се убиени, повеќе од 2.300 се уапсени низ Иран во изминатите 13 дена од протести против режимот во земјата, според американската новинска агенција Активисти за човекови права.

Агенцијата, која се залага за прашања поврзани со човековите права во Иран, соопшти дека протести се регистрирани на 512 локации во 180 градови, пренесува Си-ен-ен.

Се наведува дека меѓу загинатите има 50 демонстранти, 14 припадници на органите за спроведување на законот или безбедносните сили, а еден бил „цивил поврзан со владата“.

Агенцијата соопшти дека не е можно да се утврди точниот број на жртви поради тековниот прекин на комуникациите во Иран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons