Свет

Индиски медиуми: Еден патник го преживеал падот на авионот на „Ер Индија“ 

Полицискиот комесар на индискиот град Ахмедабад потврди дека е пронајден еден преживеан од авионот на компанијата „Ер Индија“ кој се урна во близина на аеродром кратко по полетувањето утрово.

Според индиските медиуми, патникот, чиј идентитет сè уште не е објавен, седел на седиштето 11А.

Полицискиот комесар, исто така, рече дека патникот моментално е во болница.

Локалните власти претходно изјавија дека се чини дека нема преживеани во оваа несреќа, а беше потврдено дека најмалку 100 тела се донесени во болница.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons