МагазинНајново

ИЗДРЖЕТЕ ДО СРЕДА – СЛЕДУВА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: температурите ќе се намалат и за 10 степени 

Високите температури во нашата земја ќе се задржат до вторник, до кога се очекува да биде многу топло време со дневна температура која на одредени места ќе надминува и 40 степени. 

Веќе од среда и четврток синоптичарите најавуваат дека ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а в среда, претежно во северните делови од земјава, ќе има локален дожд.

Според прогнозата на Управата за хидтрометеоролошки работи, максималната температура во четврток и петок ќе достигне 32 односно 33 степени. 

Во текот на денешниот ден исто така се најавува топло време, но и дожд во попладневните или вечерните часови. 

Според УХМР станува збор за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

 – Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец, соопшти УХМР. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons