Изгоре автомобилот на директорот на „Идризово“ – пожарот ја опфати и фасадата на објектот кој бил во близина 

„Во ова место во раните утрониски часови изгоре автомобилот на директорот на затворот Идризово, Зоран Јовановски. Автомобилот бил паркиран овде до овој објект а огнот потоа почнал да се прошири и во оваа зграда“.

Од МВР велат дека пожарот го згаснал тимот на против пожарната бригада – Скопје, и нема повредени лица.

„На 15.05.2024 околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј“.

Од Обвинителството соопштија дека заедно со експерти од Одделот за форензички истраги при МВР вршиле увид на местото на настанот.

„Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија“, велат од ОЈО.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons