Спорт

Ивановски ќе игра во полуфиналето на турнирот во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот М15 Загреб, Хрватска, откако во четвртфиналето го победи домашниот тенисер Вито Тонејц со 2:1 во сетови 6:4, 6:7 (5) и 6:2 за три часа игра.

Голема борба се водеше за секој поен и беа одиграни вкупно 218 поени (117:101 за Ивановски). Во првиот сет првиот брејк на стартот го направи Ивановски, но противникот врати веднаш за 1:1. Во девттиот гем од сетот Калин уште еднаш успеа да го одземе гемот на сервис на противникот и поведе со 5:4 за сетот да го заврши со 6:4 во гемови. 

Вториот сет помина со многу пресврт по 2:2, македонскиот тенисер направи брејк за водство од 3:2, но Тонејц во најдолгиот гем во мечот по 18 поени успеа да израмни на 3:3. Повторно во деветтиот гем Ивановски прави брејк за водство од 5:4, но во следниот гем не ја користи првата меч топка и противникот израмни на 5:5 и сетот беше решен во тај брејк. 

Во 13 гем хрватскиот тенисер имаше предност и го доби тај брејкот со 7:5 на поени за израмнување на 1:1 во сетови.

Во решавчкиот сет имаше два брејка и ги направи Ивановски, во четвртиот гем за водство од 3:1 и во осмиот гем за 6:2 во гемови.

Противник во утрешното полуфинале на нашиот тенисер ќе му биде победникот од мечот Емануел Иванишевиќ (син на легендарниот Горан Иванишевиќ) и Мирза Башиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons