Зидан најави камбек во фудбалот и откри какви му се плановите
Легендарниот Зинедин Зидан најави дека камбек во фудбалот и порача дека желба му е да седне на кормилото на репрезентацијата на Франција.
Зинедин Зидан е без ангажман од 2021 година кога ја прекина соработката со Реал Мадрид.
Изминативе години често се говореше дека тој ќе му се врати на фудбалот, беше поврзуван со неколку клубови, но стратегот трпеливо ја чека правата опција.

Говорејќи на спортскиот фестивал во Тренто, популарниот Зизу потврди дека сака да стане селектор на Франција.
„Сигурно ќе се вратам на тренерската работа. Јас во Јувентус? Не знам зошто ништо не се случи, овој клуб ми е при срце, ми даде многу“ – вели Зинедин Зидан.
„Не знам дали ќе се случи нешто во иднината по ова прашање (Јувентус), но една од моите цели е да бидам селектор на Франција. Ќе видиме што ќе испадне“.