Актуелно

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 00 часот и 22 минути, беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 km југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M L 3.1.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons