Зеленски: Да му се покаже на Путин каде му е местото со сите можни средства

На рускиот лидер Владимир Путин треба да му се покаже каде му е местото со сите можни средства, вклучително и зајакнување на Украина, силни санкции и политичка изолација, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски ова го изјави во интервју за италијанскиот СкајТГ24, чиј фрагмент го објави на својот канал на Телеграм пред отворањето на Самитот за мир во Швајцарија, пренесе Укринформ.

„Денес Путин мора да биде ставен на своето место со сите можни средства: зајакнување на Украина, силни санкции, политичка изолација“, рече Зеленски.

Тој рече дека ако Путин почувствува дека има моќ, ќе продолжи да напредува.

„Не е случајно што неговите ракети минуваат низ територијата на земјите-членки на НАТО. Има случаи во Полска, има случаи во Романија, Русија влегува во туѓи територијални води, го нарушува странскиот воздушен простор. Сето ова е забележано“, тврди Зеленски.

Зеленски исто така вели дека Русија користи 3.200-3.500 ракети месечно „исклучиво против цивилното население и цивилната инфраструктура“, „за луѓето да се плашат и да бегаат од градовите, за да може Русија да ги окупира овие села и градови“, пренесува украинската агенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons