МакедонијаНајново

Заседава Европскиот парламент: На дневен ред и извештајот за Македонија 

Европскиот парламент заседава од денес до четврток – на дневен ред меѓу другото е и Извештајот на европратеникот Томас Вајц за Македонија. 

Како што пренесува МИА, дебатата за извештајот на Вајц врз основа на извештаите на Европската комисија за 2023 и 2024 година за земјава е закажана за утре во доцните попладневни часови, а гласањето на европратениците по документот е предвидено за в среда.

Според најавите на Бугарија, одлучено е во ЕП да помине извештајот за Македонија, без да бидат споменати македонскиот јазик и идентитет – нешто за што се договориле трите најголеми групи во Европскиот парламент.

Ова на својот фејсбук профил го објави и бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, според кого теми за идентитет и јазик не им е место во извештај за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons