Заврши мерката „училишна кошничка“
Заврши мерката „училишна кошничка“, која траеше од 15 август до 15 септември. Заштедата за семејство со двајца ученици изнесува околу 3 000 денари, информираше денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.
Тој најави дека в петок ќе бидат доставени конечните податоци до Владата. Ристески ја оцени мерката како одлична можност за родителите и учениците поради почетокот на новата учебна година.
„Имаа одлична можност на сите пунктови каде што се набавуваат училишни материјали да ги купат по поевтини цени, она што беше предвидено со одлуката и мерката. Морам да пофалам, некои книжарници имаа и акции со поголеми намалувања од она што беше предвидено“, изјави Ристески.