Спорт

Елмас направи дар-мар во одбраната на Лихтенштајн за фантастичен соло гол 

Македонија поведе против Лихтенштајн благодарејќи на една фудбалска магија на Елиф Елмас, кој издрибла четворица противници и го матираше голманот Бухел.

Шоу на Елмас за водство на Македонија против Лихтенштајн, новото засилување на Наполи направи дар-мар во одбраната на противникот и донесе радост на арената „Тодор Проески“.

Популарниот „дијамант“ тргна во соло продор, издрбила четворица дефанзивци и го матираше голманот Бухел за 1-0 по петнаесет минути игра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons