Магазин

Еден симптом на деменција може да се појави дури 12 години пред да се разболите 

Научниците велат дека нашите очи можат да откријат многу за здравјето на нашиот мозок.

Се испоставило дека проблемите со очитеможе да бидат еден од најраните знаци на когнитивниот пад, односно на деменцијата.

Новата студија објавена во списанието „Саенс алерт“ (Science Alert) покажува дека губењето на визуелната чувствителност може да биде ран знак за деменција дури 12 години пред да се дијагностицира болеста.

Студијата е спроведена на 8.623 здрави луѓе во Норфолк, Англија, кои биле следени долги години. До крајот на студијата, 537 учесници развиле деменција, па научниците можеле да видат кои фактори претходеле на таа дијагноза.

На почетокот на студијата, ги замолиле учесниците да направат тест за визуелна чувствителност. Тие требало да го притиснат копчето веднаш штом ќе видат триаголник кој се формира во полето на подвижните точки.

Оние кои подоцна развиле деменција многу побавно го забележале триаголникот на екранот отколку оние кои не развиле деменција во следните години.

И што точно значи тоа?

Проблемите со видот може да бидат ран показател за когнитивниот пад, бидејќи токсичните амилоидни плаки поврзани со Алцхајмерова болест најпрво може да влијаат на делот од мозокот поврзан со видот, додека делови од мозокот поврзани со меморијата се оштетуваат подоцна како што болеста напредува. Значи, тестовите за видот можат да откријат недостатоци пред тестовите за меморија.

Постојат неколку други аспекти на визуелната обработка кои се засегнати од Алцхајмеровата болест, како што е способноста да се видат контурите на предметите, објектите (чувствителност на контраст) и да се разликуваат одредени бои (способноста да се види сино-зелениот спектар е погодена во раните фази на деменцијата), што може да влијае на животот на пациентите, без тие веднаш да бидат свесни за тоа.

Уште еден ран знак на Алцхајмерова болест е недостатокот на таканаречена инхибиторна контрола на движењата на очите, кога се чини дека стимулансите кои попречуваат полесно го задржуваат вниманието. Луѓето со Алцхајмерова болест се чини дека имаат проблем со игнорирањето на стимулансите кои попречуваат, што може да се манифестира како проблем со контролата на движењето на очите.

Ако деменцијата го отежнува избегнувањето на стимуланси коишто попречуваат, тогаш овие проблеми може да го зголемат ризикот од сообраќајни несреќи, а научниците го истражуваат тоа.

Тешкотии со препознавање на лицата

Исто така, постојат докази кои покажуваат дека луѓето со деменција имаат слаба способност да ги регистрираат лицата на новите луѓе. Со други зборови, тие не го следат вообичаениот образец на скенирање на лицето на личноста со која разговараат.

Кај здравите луѓе тој оди од очите, преку носот до устата. На овој начин го паметиме туѓото лице и подоцно се сеќаваме на него. Луѓето понекогаш можат да почувствуваат кога личноста со која разговараат не го прави тоа.

Всушност, некои лекари кои работат со деменција ќе препознаат дека некој има деменција кога ќе ја запознаат таа личност. Луѓето со деменција понекогаш изгледаат изгубено, затоа што намерно не ги мрдаат очите за да ја скенираат својата околина, вклучително и лицата на оние коишто штотуку ги запознале.

Затоа, подоцна не можат добро да ги препознаат луѓето, бидејќи не ги запамтиле нивните карактеристики.

Значи, овој ран проблем со препознавањето на оние што неодамна сте ги запознале може да биде поврзан со неефикасните движења на очите кога станува збор за нови лица, а не со класичното оштетување на меморијата.

Меѓутоа, бидејќи визуелната чувствителност е поврзана со меморијата, научниците исто така тестираат дали почестото движење на очите помага во подобрувањето на памтењето.

Претходните истражувања за ова се нејасни, но некои студии открија дека движењата на очите можат да ја подобрат меморијата. Можеби ова објаснува зошто откриле дека луѓето кои гледаат повеќе телевизија и читаат имаат подобро памтење и помал ризик од деменција од оние кои не го прават тоа.

Додека гледаме телевизија или читаме, нашите очи се движат напред-назад низ страницата или по ТВ-екранот.

Континуираното усовршување и подолгата едукација го обезбедуваат резервниот капацитет на мозокот, така што кога ќе се оштетат врските во мозокот, штетата е помала.

Други студии откриле дека брзите движења на очите лево-десно и десно-лево (две движења на очите во секунда) ја подобруваат автобиографската меморија (информации за сопствениот живот).

Некои истражувања укажуваат на тоа дека овој благотворен ефект на движењето на очите го чувствуваат само деснаците, иако научниците не се сигурни зошто е тоа така.

Конечно, и покрај овие интригантни наоди, раната дијагноза и лекување на проблемите со меморијата со намерни движења на очите кај постарите луѓе сè уште не е лесно да се примени – сè додека не станат достапни поевтини и поедноставни механизми за таквата дијагноза.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons