Актуелно

ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГИ НАБАВИТЕ НМК НАЛЕПНИЦИТЕ САМО ВО СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД: Се води евиденција, вашето возило ќе биде евидентирано дека ја има 

Откако во јавноста осамнаа многу огласи на кои се нудеа НМК налепници, а и вонекои продавници истите се продаваа по цена од 50 денари, од Министерството за внатрешни работи информираат дека налепниците со ознака НМК граѓаните треба да ги набават во станиците за технички преглед низ цела држава. 

„Граѓаните при подигнување на налепниците потребно е во станицата за технички преглед да отидат со сообраќајна дозвола и со возилото, при што налепницата ќе им ја залепи вработен од станицата за технички преглед и за истото се води посебна евиденција при што Вашето возило ќе биде евидентирано дека поседува налепница со ознака НМК. Ве информираме дека налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК. Воедно ги информираме граѓаните дека со новите измени, налепниците не се задолжителни за територијата на РСМ до 31.12.2024 година, но истите се задолжителни за патување во странство. Дополнително ги информираме граѓаните дека налепниците се бесплатни, односно се на товар на Министерството за внатрешни работи“, информираат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons