Евакуирана зградата на Европската комисија во Брисел: Пронајден е сомнителен пакет
Белгиската полиција денес ја евакуираше зградата на Европската комисија во Брисел и ја затвори главната улица во Европскиот кварт откако во областа беше откриен сомнителен пакет.
Сообраќајот е запрен на фрекфентната улица Ру де ла Лои, главната сообраќајница која минува низ европскиот кварт на градот во близина на седиштето на Европската комисија, зградата „Берлајмонт“, пренесува порталот Политико.
„Полициска интервенција. Сомнителен предмет пред „Лои 65“. Останете подалеку од прозорците. Избегнувајте ја областа“, се вели во пораката што Европската комисија, според Политико, ја проследила до вработените.
Улицата е блокирана од полициски и противпожарни возила, а евакуирана е и деловната зграда „Коперникус“ која се наоѓа во непосредна близина.