Спорт

Драма до последната секунда: Норис со рекорден круг во Монако му ја „украде“ пол-позицијата на Леклер 

Ландо Норис победи во квалификациите на ГН на Монако, возачот на Мекларен во последните секунди успеа да склопи рекорден круг и да му ја „украде“ пол-позицијата на Шарл Леклер.

Квалификациите во Монако донесоа драма до последната секунда, на крајот Ландо Норис се радуваше на пол-позиција.

Возачите на Мекларен беа тие кои цело време го диктираа темпото, но Шарл Леклер уште еднаш покажа дека ужива да вози на домашната трка и со време од  1:10.063 привремено се најде на чело на колоната.

Но Оскар Пјастри и Ландо Норис имаа време за уште еден круг, возачот од Австралија остана краток, но затоа Британецот со нов рекорд во Монако од 1:09.654 успеа да ја „украде“ пол-позицијата и да ги разочара домашните фанови.

Луис Хамилтон не можеше да се замеша во битката за врвот, исто како и Макс Ферстапен кој ќе стартува од позицијата број 5.

Потоа следуваат Хаџар, Алонсо, Окон, Лоусон и Албон.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons