МакедонијаНајново

До 30 јуни се продолжува кризната состојба во дел од Скопје поради спречување на безбедносни закани

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја проследи на натамошна постапка во Собранието предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија односно на затворот Идризово. Како што се вели во образложението, кризната состојба на дел на територијата на државата се продолжува до 30 јуни.

Владата во 2024 година донесе одлука за воведување на кризна состојба на дел од територијата на Македонија и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое е казнено-поправната установа, Казнено-поправен дом Идризово, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата.

Владата на Македонија, како што се посочува во образложението на предлог-одлуката, на седницата одржана на 13 јануари го разгледала записникот од десеттата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со Системот за управување со кризи одржана на 29 декември 2025 година, го прифатила предлогот на Управувачкиот комитет и ја утврдил потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни 2026 година.

„Со цел да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Северна Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница, Владата заклучи да побара од Собранието да ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата, односно, во времетраење до 30 јуни 2026 година“, се вели во предлог-одлуката.

За време на целиот овој период, Управувачкиот комитет за координација и управување во Системот за управување со кризи, во комуникација и соработка со сите надлежни државни институции континуирано и редовно ја следи состојбата во подрачјaта на дел од територијата на Република Македонија каде е прогласена кризна состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons