Свет

Додик е политичарот со најмногу санкции од Балканот

Претседателот на Република Српска Милорад Додик е неспорно најсанкционираниот политичар во Западен Балкан. Тој е единствениот поединец во регионот кој двапати беше цел на финансиски санкции од САД.

Ова е наведено во извештајот за резултатите од спроведеното истражување со наслов „Колку се ефективни санкциите во Западен Балкан?“, што Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОЦ) го објави на почетокот на неделата.

Студијата нагласува како санкциите влијаеле врз поединци, деловни мрежи во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Финансиските санкции од САД и Велика Британија ги ограничија истакнатите личности како Милорад Додик во Босна и Херцеговина, чиј пристап до финансиските услуги е строго ограничен. Сепак, слични санкции во Србија и Косово дадоа различни резултати, при што компаниите поврзани со санкционираните лица сè уште обезбедуваат милиони договори со државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons